Четворица перуански полицајци се маскирале како ликови од Марвел за да извршат рација со дрога во Перу. Спајдермен, Капетан Америка, Тор и Црната вдовица учествуваа во операцијата наречена „Марвел“, чија цел беше одредена куќа во населбата Сан Хуан де Луриганчо во Лима, пишува Би-Би-Си.
За време на рацијата полицијата привела четири лица, откако запленила 3.250 пакувања кокаинска паста, како и кеси со кокаин и со канабис.