Овој автомобил Кристијано Роналдо го користел само за да оди на тренинзите на Реал Мадрид. Има поминато само 28.000 километри.
На познатиот хрватски сајт „Њушкало“ се појави оглас за продажба на Ауди РС7 со 605 коњски сили, автомобил од „флотата на Реал Мадрид“ од 2017 година.
Сепак, не би било толку интересно доколку Роналдо не го искористи овој автомобил за да оди на тренинзите на Реал Мадрид.
Фирма од Осиек објави оглас и изјави дека има многу заинтересирани.
Имаме многу заинтересирани, никогаш не сме имале толку популарен автомобил во нашата понуда“, велат од компанијата за „24сата.хр“.
Ѕверот на Роналдо може да се купи за 109.999 евра, а доаѓа со регистрација од една година. Цената е фиксна доколку се купи со готовина, но има и можност да се плати стара за нова со доплата или да се купи на лизинг.
Во цената е вклучено едногодишно осигурување.