Северна Кореја истрела уште четири балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска.Претходно утринава Пјонгјанг лансираше повеќе од 10 ракети, од кои едната падна недалеку од јужнокорејските територијални води, а Сеул возврати со три ракети воздух-земја.
Нови ракети биле истрелани во 6 часот и 51 минути од две локации во провинцијата Северен Пјонганг, соопштено е во Сеул.
По извршената анализа беше соопштено дека се работи за „балистички ракети со краток дострел“.
Сеул утринава соопшти дека севернокорејска ракета ја преминала северната гранична линија за прв пат по поделбата на полуостровот.