Владимир Путин ја прави истата грешка со Украина како што направи српскиот лидер Слободан Милошевиќ со Косово, вели поранешниот британски премиер Борис Џонсон во интервју за Скај Њуз.
– Сите ние во британската влада го прочитавме неговиот луд есеј за Украина, кој го објави минатото лето. Тој во основа погрешно ја процени Украина. Тоа беше како да го читав Слободан Милошевиќ на тема Косово – рече Џонсон.
– Милошевиќ сметаше дека Косово е составен дел на голема Србија и духовна татковина на српската нација. Мислам дека Путин го мисли истото за Киев и потеклото на православната вера – додава поранешниот британски премиер.
– Тоа е целосна грешка. Украина е слободна и независна европска култура со свој идентитет, амбиции и судбина. Тој направи фундаментално отсекување – рече Џонсон.
Џонсон претходно во февруари годинава рече дека Путин е ист како Милошевиќ и дека мистичниот сојуз што Милошевиќ го користел меѓу Косово и Белград е сличен на Русија и Киев.