14 земји со повеќе од 60 авиони ќе „одвраќаат“ во северозападна Европа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По вестите за руските нуклеарни воени вежи „Гром“ за кои Москва го известила Вашингтон, не заостнауваат ни американските манерви. Десетици авиони од земји членки на НАТО ќе учествуваат во годишната вежба за нуклеарно одвраќање „Steadfast Noon” во северозападна Европа.

„На НАТО вежбата  се вклучени 14 земји и повеќе од 60 авиони од различни типови”, соопшти Воздухопловната команда на НАТО, пренесе Анадолија.

Вежбата, што ќе трае до 30 октомври, почна на 17 октомври и во неа учествуваат и танкери и борбени авиони од четвртата и петтата генерација.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на 13 октомври изјави дека долго планираната рутинска вежба обезбедува нуклеарните капацитети на Алијансата да останат безбедни, сигурни и ефикасни.

– Одвраќањето е начин да се спречи каков било напад на сојузниците на НАТО и да се зачува мирот – додаде Столтенберг.

Share This Article