Жестока реакција на Рамзан Кадиров

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека руските одговори на гранатирањето од Украина се слаби и дека украинските градови треба да бидат избришани од лицето на земјата.

– Слабо одговараме, според мене. Ако летала граната во нашиот правец, кон нашиот регион, тогаш да ги збришеме градовите за да се види далечниот хоризонт за да сфатат дека не смее ни да помислат да пукаат во наш правец. Нема потреба да гледаме што ќе се случи утре доколку донесеме некаква одлука – рече Кадиров.

Кадиров во видеопораката објавена на „Телеграм“ рече дека зборува „за војната што веќе се случува денес на територијата на Русија“.

– Претходно, кажавме дека спроведуваме специјална воена операција на територијата на Украина, но војната сега се одвива и на наша територија. Многу сум незадоволен од нашиот одговор. Веќе прогласивме воена состојба во регионите што граничат со Украина, но тие пукаат во цивили, во цивилни објекти, уништувајќи општествено важни објекти – рече Кадиров.

Share This Article