Забележав дека рускиот претседател Владимир Путин е многу помек и поподготвен да води мировни преговори отколку порано, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој од самиот почеток на војната во Украина се обидува да се наметне како посредник во постигнувањето некаков мировен договор помеѓу Москва и Киев.
Тој денеска разговараше со новинарите во авионот на враќање од патувањето во Азербејџан и сугерирал дека рускиот претседател сега е поподготвен за мировни преговори отколку порано.
Ердоган рекол дека сè уште се надева оти може да се постигне мировен договор.
– Видов дека Путин е многу помек и поподготвен да преговара на оваа тема отколку порано – изјавил Ердоган, пренесе „Индекс.хр“.