More

    Путин предложи воена состојба во четирите украински региони

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за безбедност најави воведување вонредна состојба во регионите ЛНР, ДНР, Херсон и Запорожје.

    – Да ве потсетам дека во Доњецката Народна Република, Луганската Народна Република, како и во регионите Херсон и Запорожје, пред да се приклучат на Русија, имаше режим на вонредна состојба. И сега треба да го формализираме овој режим во рамките на руското законодавство. Затоа, го потпишав указот за воведување воена состојба во овие четири конститутивни субјекти на Руската Федерација. Веднаш ќе биде испратен на одобрување до Советот на Федерацијата – рече шефот на државата.

    Рускиот лидер истакна дека режимот во Киев одбил да го признае изборот на жителите на овие региони и отфрлил какви било предлози за преговори.

    Советот на Руската Федерација, кој треба да се состане по состанокот на Советот за безбедност, се очекува да го одобри прогласувањето на вонредна состојба пред таа да стане официјална.

    Претходно командантот на руските сили кои учествуваат во Украина, генерал Сергеј Суровикин изјави дека ситуацијата во регионот Херсон е „многу тешка“.

    Макс Седон од Фајненшл Тајмс пишува дека најавата на Путин е јасен одговор на неодамнешните руски воени неуспеси и контраофанзивниот напредок на Украина.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img