Бујар Османи ја појаснува својата „вербална нота“ кон Бугарија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Секоја моја изјава од функција на министер за надворешни работи е официјална изјава на МНР. Така што и мојата реакција кон Ангел Димитров е официјална реакција на МНР, а со тоа и на државата бидејќи јас ја претставувам државата. Така што, сметајте го тоа како официјална реакција на МНР, но кое што треба да видиме како ќе се рефлектира понатаму. Доколку продолжат негативни трендови ќе има и други комуникации.

Ова го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи по заедничката прес-конференција со шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон која е во официјална посета на земјава.

– Планирам сите овие работи да ги отворам. Од Бугарија немам ништо – изјави Османи на новинарско прашање дали ќе побара смена на копретседателот на Историската комисија Ангел Димитров за неговите изјави од неделата.

Османи во неделата во коментар на тврдењето на Димитров дека земјава не се однесува како кандидат за членство во ЕУ, изјави дека Димитров не е политичар, туку е историчар и му препорача да се занимава со историја, а не со политика, посочувајќи дека еден од основните принципи на Договорот со Бугарија е овие две работи да бидат поделени – политиката на политичарите, а историјата на историчарите.

Во однос на информациите од дел од медиумите, дека Советот на Општина Благоевград го забранил отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” и како тоа ќе се одрази на клубовите во земјава, тој изјави дека нема деталите за информацијата, а штом ќе ја види ќе ја коментира. За бугарските клубови во земјава и провокативните именувања рече дека тоа е на штета воопшто на сите граѓани во РСМ, но пред се на штета на бугарската заедница.

– Навистина би сакал ова ново поглавје отворено во односите со Република Бугарија, бугарската заедница да ги искористи да се етаблира, да се интегрира, да се промовира, а државата е спремна да овозможи таа интеграција и промоција на правата на граѓаните за спречување на дискриминација на кој било граѓанин по етничка основа. Кој тоа ги мести со овие постапки навистина не можам да разберам. Дури на почетокот чувството ми беше дека тука е инволвирана некоја трета страна која што сака да ги киднапира односите, која што сака да ѝ наштети на бугарската заедница. Навистина треба и да се разговара со нив за да се укаже дека провокацијата на другите народи, провокација на граѓаните, именувања коишто не се соодветни не им помага во етаблирањето и во интегрирањето на бугарската заедница овде во Северна Македонија – рече Османи.

По однос на законот за здруженија, и одредбата за потреба за усогласување на веќе регистрираните здруженија согласно постоечките закони, Османи вели тоа треба од правен аспект да се види дали може да важат законски решенија ретроактивно.

-Јас не сум правник, меѓутоа потребата во рок од три месеци да се ревидираат, тоа е ретроактивно на некој начин важење на законот. Тука не можам од правен аспект да кажам. Од политички аспект ќе треба убаво да се анализира како ќе се рефлектира. Би сакал законот да важеше од денеска па натаму, нагласи министерот за надворешни работи Бујар Османи. вг/нд/

2022-10-18 13:50:17, од Виолета Геров

- Advertisement -
Ad image
Share This Article