Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон се пофали дека положил испит по македонски јазик на ниво Ц1.
– Многу сум среќен што положив испит по македонски јазик, Ц1. Ова е доказ од Министерството. Негувајте ги вашите јазик и вашата култура – вели Лосон.
Ова не е првпат новиот британски амбасадор да објави видеопорака во која зборува на македонски. Неговото прво видеообраќање, како и честитката за 11 Октомври – Денот на народното востание беа на македонски јазик.