„Денеска во ДУИ има избори. Вашиот сопартиец Груби не е кандидат во ниту едно тело. Дали партијата се дистанцира од него?“, праша новинар на Телма, на што Бектеши одговори: „Од кај знаете вие дека господинот Груби не е кандидат…?“. На ова, новинарот му посочи: „Јас не знам, тоа ми кажаа уредниците, јас сум од култура, јас сум случајно тука“.
Бектеши кажа: „Не верувам ниту дека вашите уредници учествуваат во консултациите на ДУИ. По два саати ќе има Генерално собрание, ќе ве извести претседателот“.
Новинарот повторно праша: „Вашиот став кој е бидејќи не е кандидат за ниту едно тело?“.
Бектеши повторно одговори: „Па јас не знам дали е или не е член. Јас за себе не знам дали сум или не сум член. ДУИ е демократска компанија, во ДУИ се гласа, се дебатира. За саат време дојдете во Тетово и следете го работењето на Собранието. Ако вие имате повеќе информации од претседателството на ДУИ, тогаш стварно ме чудите да знаете кои се или не се во претседателството“.
Случувањето е во последната минута: