More

    Германија минатата година изгубила 100 милијарди евра како резултат на руската воена операција во Украина

    spot_img

    Германија минатата година изгубила 100 милијарди евра како резултат на руската воена операција во Украина, изјави претседателот на германскиот институт за економски истражувања Марсел Фрачер.

    Според  Фрачер, конфликтот во Украина и поврзаното зголемување на трошоците за електрична енергија, ја чинеа Германија речиси 2,5 отсто од продуктивноста на економијата минатата година, што е еднакво на 100 милијарди евра.

    – Овие трошоци ќе продолжат да растат во наредните години – рече Фрачер.

    Тој додаде дека Германија е особено погодена од кризата „бидејќи е зависна од руските енергетски извори, а исто така има висок удел во енергетско интензивната индустрија и е исклучително зависна од извозот и глобалните синџири на снабдување“.

    Претходно европскиот комесар за економски прашања Паоло Џентилони изјави дека Германија е една од земјите на ЕУ најмногу погодени од кризата.

    Тој посочи дека врвот на инфлацијата помина, а различните барометри на расположението, внатрешни и надворешни, се во добра состојба.

    Како што истакна, пред шест месеци се зборуваше за прекини на струја, длабока рецесија и стагфлација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img