Речиси еден милион денари ќе потроши градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за спроведување анкета на јавното мислење, објави порталот 24 инфо, повикувајќи се склучениот Договор од кој ја објави првата страница.
Според информациите објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки, Град Скопје на 10 октомври склучил договор со Институтот за политички истражувања Скопје вреден 987.000 денари за спроведување на анкети истражување на јавното мислење.