Вили Спенс, второпласираниот натпреварувач во 19-та сезона на „Американски идол“, загина во вторникот во сообраќајна несреќа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вили Спенс (23), второпласираниот натпреварувач во 19-та сезона на „Американски идол“, загина во вторникот во сообраќајна несреќа.

Деталите за несреќата сѐ уште не се познати, но веста за смртта ја потврдил за ТМЗ роднина на Спенс кој открил дека на Вили во еден момент му пукнала гумата. Откако ја сменил гумата и продолжил да вози дома од Тенеси до Атланта, тој наводно удрил во камион паркиран покрај патот.

 

Со пеењето на хитови како „A Change is Gonna Come“ и „Georgia on My Mind“, Спенс ги воодушеви судиите и публиката во 19-тата сезона на „Американски идол“, но на крајот победи Чејс Бекам.

Пејачот го објави последното видео во кое пее само неколку часа пред смртта.

Колешката на Спенс во „Американски идол“, Кетрин Мекфи, по веста за неговата смрт изјави: „Ми беше задоволство да пеам со тебе и да те познавам.“ Продуцентот Рандал Емет, исто така, остави порака за Вили, пишувајќи: „Имав среќа што пееше за мене во живо во мојот дом и на други настани. Ќе ми недостигаш пријателе. Допре толку многу од нас“.

ФОТО: Јутјуб

Share This Article