More

    Рускиот гас ќе тече од Унгарија штом ќе се изгради поврзувањето

    spot_img

    Србија и Унгарија се договорија за изградба на нафтовод што ќе ѝ овозможи на Србија да се снабдува со „поевтина нафта од Урал преку поврзување со нафтоводот Дружба (Пријателство), јави дописникот на МИА од Белград.

    Како што пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ), изградбата на гасоводот беше договорена откако Европската Унија (ЕУ) го воведе осмиот пакет санкции против Русија, со кој се ограничи увозот на руската сурова нафта.

    Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на Твитер напиша дека српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан се договориле за изградба на нафтовод, кој ќе ѝ овозможи на Србија да се снабдува со поевтина нафта од Урал.

    „Во моментов снабдувањето со нафта главно се врши преку нафтовод низ Хрватска (Јанаф), но малку е веројатно дека тоа ќе биде можно во иднина поради усвоените санкции“, напиша Ковач.

    Јужниот крак на нафтоводот „Дружба” оди преку Украина до Унгарија, низ Словачка и Чешка и е главен извор на сурова нафта за трите земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img