Во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла од каде се изнесува бакар како отпадно железо, МВР на Спасовски молчи, власта се богати, предупреди ВМРО-ДПМНЕ.
„Во овој момент, според нашите основани сомневања и информации, во Јавното претпријатие Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо. МВР на Спасовски молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра. Власта се богати, додека Данела Арсовска, која е милениче на СДС, менаџира случај каде има основано сомневање за криминал тежок до стотина илјади евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека ваков криминал не е можен без поддршка и знаење на централната власт и дека на овој начин се обезвреднуваат јавните претпријатија од, како што велат, нова крими коалиција Арсовска – СДС.