More

    Ленарчиќ ја смета за реална заканата од прекин на струја во ЕУ

    spot_img

    Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја во ЕУ.

    – Можно е да биде потребна помош и во рамките на ЕУ – рече еврокомесарот на прашањето дали постои реална опасност да има голем прекин на електричната енергија во Европа.

    Ленарчиќ изјави дека ЕУ работи на две сценарија.

    Ако само одреден број земји-членки се погодени од проблемот, како што е прекин на струја, другите земји на ЕУ би можеле да испорачаат генератори за електрична енергија преку Европската комисија, како што е во случај на природна катастрофа, објасни тој.

    – Но, доколку истовремено би биле погодени поголем број земји, така што не е можна взаемна помош, тогаш Комисијата ќе ги покрива потребите од стратешките резерви – рече еврокомесарот.

    Ленарчиќ истакна дека Европската комисија во своите стратешки резерви има противпожарни авиони, генератори на струја, пумпи за вода и лекови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img