More

    Ана де Армас англискиот јазик го научила за само неколку месеци, сега е најбарана актерка во Холивуд

    spot_img

    Ана де Армас многумина ја сметаат за една од најубавите актерки на денешницата, а таа во новиот хит на „Нетфликс“ – „Русокоса“ (Blonde) го толкува ликот на холивудската икона Мерилин Монро.

    Со руса коса и лесна шминка, Армас неверојатно личи на славната Мерилин. Ова е продолжение на нејзината импозантна кариера, пред тоа имаше улога во Џејмс Бонд, во филмот „Нема време за умирање“.

    Нејзината приказна е успешна. Имено, таа во САД дошла на 25 години, а англискиот јазик го научила за само неколку месеци.

     

     

    – Дојдов на аудиција, го прочитав текстот, но не разбрав ниту збор. Требаше само брзо да го совладам англискиот јазик – истакнала таа во едно од интервјуата.

    Ана де Армас е родена во Куба, во градот Санта Круз дел Норте. Нејзините баба и дедо се Шпанци, кои и дале шпанско државјанство. Така што живеела во Мадрид, како 18-годишна.

    Таму веќе станала позната актерка, во серијата „Интернат“, која се снимала од 2007. до 2010. година.

    Потоа, таа заминала во САД и решила да го оствари американскиот сон. Очигледно и успеало, бидејќи сега Армас е во фокусот на светската јавност, а улогата на Мерлинка и донесе голем скок во кариерата.
    Во моментот е една од најбараните актерки во Холивуд, па за очекување е да ја очекуваат уште слични улоги.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img