Актерката Сачин Литлфедер која во име на актерот Марлон Брандо го одби Оскарот кој му беше доделен поради улогата во „Кум“, почина на 75 години.
Веста вчера ја соопшти Американската академија за филмски уметности и науки.
Сачин боледувала од рак на дојка.
Да потсетиме, Академијата за филмски уметности и науки која ги доделува Оскарите ѝ упати оваа година извинување на индијанската актерка, која пред речиси 50 години беше исвиркана и исмеана на доделувањето на наградите, на кое дојде наместо актерот Марлон Брандо, кој го одби Оскарот поради однесувањето на Холивуд кон Индијанците.
на сцената на доделувањето на Оскарите во 1973 година за да објасни дека големиот холивудски актер Марлон Брандо не сака да ја прими наградата поради начинот на кој се прикажуваат Индијанците во филмовите, американската Академија за филмски уметности и науки ѝ се извини за злоставувањето кое го претрпела по тоа.
Актерката и активистка Сачин Литлфедер која е Апач и Јаки Индијанка, беше исмејувана на церемонијата на доделувањето на Оскарите во 1973 година, кога објаснила зошто отсутниот Брандо не може да ја прими наградата за најдобра машка улога за филмот „Кум“.
Сачин подоцна рекла дека обезбедувањето спречило физички да ја нападне актерот Џон Вејн, тогаш ѕвезда на каубојските филмови. Таа навела дека ја исмејувал и Клинт Иствуд и дека подоцна Холивуд ја бојкотирал.