More

    Израелски разузнавачи снимиле „нередовно присуство“ на стратешки авиони

    spot_img

    Израелска разузнавачка фирма ИСИ (Имиџ сателајт интернешнал) открила „нередовно присуство“ на руски стратешки бомбардери од типот „Тупољев“, ТУ-160 и ТУ-95 распоредени во воздухопловната база Олења во близина на Финска, пишува „Ерусалим пост“.

    Според сателитски снимки направени од фирмата, четири бомбардери ТУ-160 биле забележани на 21 август и три ТУ-95 на 25 септември. На 12 август, во базата немало стратешки бомбардери.

    – Преку тековните модели, системот укажува дека воздушната база Енгелс е можната појдовна точка на стратешките бомбардери откриени во воздухопловната база Олења – се вели во извештајот.

    Во воздухопловната база Енгелс се сместени единствените руски стратешки бомбардери стационирани во близина на Украина, а таа е и домашна база за 121. авијациски полк за тешки бомбардери (121 TBAP) што лета со ТУ-160 и ТУ-95.

    Бомбардерите, способни да носат крстосувачки ракети и стратешко нуклеарно оружје, се активни во украинската војна по инвазијата на Москва во февруари, пишува весникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img