Потресно видео од збогувањето на детето и таткото кои беа мобилизирани за војната во Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Неверојатно тажно збогување меѓу дете и татко од Русија кој беше мобилизиран и испратен на бојното поле во Украина може да се види на видео кое кружи на интернет.

Имено, по најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека на 21 септември ќе започне делумната мобилизација на народот за војната во Украина, тој процес е започнат масовно, но и сите кои успеале ја напуштиле земјата, бидејќи локалното население се противи на таа одлука.

Така, среде мобилизацијата, на интернет се појави шокантно видео на кое се гледа емотивната разделба на едно дете и неговиот татко.

Додека тој и група мажи одат во војна во Украина, татко се збогува со својот расплакан син.

„Тато, збогум. Ве молиме вратете се. Тато!“, му вели синот.

После тоа, детето продолжува неутешно да плаче, а татко му полека заминува и се губи во група мажи, од кои некои, веројатно, никогаш нема да се вратат во семејството и татковината.

Дејли мејл пишува дека се работи за група мобилизирани Руси од градот Стари Оскол, кој се наоѓа во провинцијата Белгород.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин во средата објави дека воведува делумна мобилизација на руското население. Руските власти ќе испратат околу 300.000 луѓе на бојното поле во Украина.

Share This Article