Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја коментираше најавата за референдум во окупираните делови на Украина.
„Лажните референдуми немаат никаков легитимитет и не ја менуваат природата на руската агресивна војна против Украина. Ова е нова ескалација во војната на Путин. Меѓународната заедница мора да го осуди ова еклектично кршење на меѓународното право и да ја засили поддршката за Украина“, напиша Столтенберг.
Претходно денес, од Украина стигна порака дека ако Русија распише референдум веќе нема да постојат шанси за преговори.
Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба рече дека референдумите нема да го променат фактот дека Русија е агресор.
– Русите можат да направат што сакаат. Но, тоа нема да смени ништо – рече Кулеба во Њујорк, по средбата со американската амбасадорка во ООН, Линда Томас-Гринфилд.
Плановите за референдуми во четирите освоени украински региони за формално приклучување кон Русија ги претставија назначените официјални лица од Русија.