Преговорите меѓу Русија и Украина завршија. Украинската и руската делегација се враќаат во своите престолнини на консултации, пренесе АФП.
Се огласија и руската и украинската страна.
По разговорите, украинската страна го кажа следново: „Украина и Русија за време на разговорите идентификуваа голем број теми и предлози и решенија“.
Зборуваше и шефот на руската делегација Владимир Медински. „Следната рунда разговори ќе се одржи на полско-белоруската граница“, рече тој.