Министерот за полиција Александар Вулин најави дека ова министерство ќе ги идентификува сите лица кои го нарушиле јавниот ред и мир на последниот Европрајд.
„Како што беше најавено, Министерството за внатрешни работи ги евидентираше сите јавни собири во текот на изминатиот викенд. Според тоа, МУП ќе ги идентификува сите лица кои со своето однесување и постапки го навредиле јавниот морал, го нарушиле јавниот ред и мир или учествувале во напади врз полицијата“, се вели во писмената изјава на Вулин.
Како што се наведува, ничии верувања или начин на живот не се изговор за бесрамно однесување пред светилиштата на српскиот народ и државата или за загрозување на животот и здравјето на полицајците.
„Министерството за внатрешни работи веднаш по идентификацијата на лицето ќе поднесе извештаи до надлежното обвинителство“, изјави министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин.