Денеска е прекината работата на багерот за ископ на јаглен на најдолната точка во „Суводол“, но прекинот ќе биде краток, соопштија од РЕК Битола.
– Багерот 630/2 кој врши ископ на јаглен на најдолната точка во Рудникот ПЈС Суводол во РЕК Битола од попладнево е во краткотраен прекин заради обилните врнежи од дожд што го зафатија рудникот. Багерот е на најниската точка во ПЈС Суводол, бидејќи ги ископува последните количини на јаглен во тој дел од рудникот, по што ќе биде преместен на друга локација согласно планот за работа – велат од термоелектраната.
Водата од собирникот што се наоѓа во непосредна близина на багерот, направен специјално за вакви ситуации, се исцрпува со пумпи и од РЕК Битола најавуваат дека багерската единица за неколку денови ќе биде повторно во функција.