Белата куќа одобри нов пакет воена помош во вредност од 600 милиони долари за Украина, главно муниција за артилериски системи кои веќе се користат од страна на украинските сили, пренесува Нова.
Во соопштението за печатот, американската извршна власт рече, без да даде детали, дека го овластила Пентагон да ги користи своите резерви за испорака на опрема и услуги во Украина, како и обука.
Пентагон соопшти дека новата транша од воената помош за Украина ќе вклучува прецизни ракети за артилериските системи ХИМАРС и гранати компатибилни со другите системи достапни за украинските сили.
САД, исто така, испраќаат радари, оклопни возила, системи против дронови и опрема за деминирање во Украина.