„Сакаше да ја искористи смртта на кралицата“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За време на појавувањето на Меган Маркл во Виндзор, многумина забележаа бразда на нејзиниот фустан, што сугерираше дека принцезата носи микрофон. Безмалку веднаш на Твитер се прошири шпекулацијата дека Меган сакала да ја искористи смртта на кралицата за нејзиното приватно шоу на Нетфликс, колку и да звучи лудо самата помисла.

– Ова е лудо и всушност ја повредува. Се разбира, таа не носеше микрофон – изјави анонимен извор за Пејџ Сикс за правоаголниот набор на црната халина.

„Што крие Меган под фустанот?“, праша еден твитерџија.
„Дали Меган Маркл носи микрофон за да ја искористи смртта на кралицата за нејзиното реално шоу на Нетфликс?“, напиша друг.

„Меган носеше некаков уред. Веројатно за снимање“, рече друг.

Потоа, одреден број твитерџии ги оспорија „лудите“ тврдења, сугерирајќи дека можеби се работи за медицински уред.

„(Јас, на пример) носам континуиран монитор за гликоза и мојот сензор е со истиот правоаголен облик“, напишал еден корисник.

Меган доби топла реакција од луѓето пред замокот Виндзор. Таа шеташе заедно со Хари, а во придружба на Вилијам и Кејт. Медиумите ова го оценија како подобрување на односите меѓу браќата принцови и нивните сопруги.

Share This Article