Ѕирнете во селската куќа на монархот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кралот Чарлс Трети, кој по смртта на неговата мајка – британската кралица Елизабета Втора, седна на престолот, важи за „љубезен и ангажиран сосед“ во едно село во Романија.

Монархот, кој е и во роднински врски со поранешниот романски крал Михаил, купил и реновирал „колипка“ во саксонски стил од 18 век во селото Вискри на рид во Трансилванија. Чарлс првпат ја посетил областа во 1998 година, тогаш како принцот од Велс, и бил шармиран од нејзината различност и издржливост, и покрај сиромаштијата што и денес сè уште преовладува во рурална Романија. Меѓу другото, тука е и „Сината куќа“ што тој ја купил 2006 година.

Тој се префрли на реновирање на имотот, кој сега служи за изнајмување, а целиот приход од букирањата оди во неговата тамошна добротворна организација. Сѐ ова помогна да се стави селото Вискри и целото тоа подрачје на светската мапа на туризмот.

Тука се одржува онаа рустикална естетика – со високи тавани и варосани ѕидови. Одредени делови од просторот се украсени со тапети со традиционален дезен и рачно насликани чинии, што ја отсликува изворната трансилванска култура.

Спалните соби се опремени исклучиво со старински мебел. Според интернет-страницата на гостинската куќа, овде нема телевизија и радио, со цел – да се создаде атмосфера на мир и тишина.

Добротворната организација на кралот Чарлс, како и други групи, помогнаа во реставрацијата на наследството, инфраструктурата и развојот на одржливо земјоделство. За време на редовните официјални и приватни посети на Романија, кралот посетува саеми, училишта, па на собирите со гоштевање со националните јадења, тој знае да ужива и во звуците на тукашната народна музика.

– Никаде на друго место во Европа не сум нашол пејзажи толку добро сочувани и толку продуктивни – рече Чарлс за време на посетата на Романија во мај.

- Advertisement -
Ad image

Тој тогаш се сретна со воените бегалци од Украина и присуствуваше на проект за садење дрвја поддржан од европски те држави.

– Секој што патува овде има што да научи од начинот на којшто Романија се потпира на обновливите пристапи за создавање екосистеми богати со видови и социо-еколошки богати пејзажи во области како Трансилванија, каде што луѓето сè уште живеат во хармонија со природата – додаде тој.

Саксонските села доживеаја преродба последниве 15 години. Иако се создадоа нови работни места во Трансилванија, сѐ тоа ги зголеми цените на имотот и трошоците за живот.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article