More

    Ожалостените Британци замолени да не оставаат сендвичи со мармалад во чест на кралицата Елизабета Втора

    spot_img

    Добронамерници кои оставаат цвеќиња и разни сувенири во чест спомен на британската кралица Елизабета Втора, не би требало да оставаат сендвичи со мармалад во Грин Парк во нејзина чест, бидејќи тоа создава „негативно влијание врз дивите животни во паркот“, соопштил персоналот на организацијата „Ројал паркс“.

    По комичниот скеч помеѓу мечето Падингтон и кралицата, снимена претходно оваа година за да го прослави нејзиниот платинест јубилеј на тронот, во која главна тема на разговорот беа сендвичите со мармалад, некои ожалостени Британци ја оставиле омилената закуска на кралицата покрај цвеќињата во Бакингемската палата и соседниот Грин Парк.

    Меѓутоа, „Ројал паркс“ задолжен за официјалната почесна цветна градина во Грин Парк, објави дека „ги замолува луѓето да не оставаат сендвичи со мармалад поради негативното влијание врз дивите животни на паркот“.

    Ожалостените и понатаму можат да оставаат кадифени мечиња и други предмети, соопштиле од организацијата, но нејзините претставници додале дека „претпочитаат да се воздржат и од тоа“ поради одржливост и дека е подобро да се донесуваат цвеќиња, по можност без целофанска обвивка.

    ФОТО: Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img