Покрај високиот холестерол, кој е еден од сериозните здравствени проблеми, нискиот холестерол може да го влоши и здравјето.
Депресија
Нискиот холестерол може да доведе до депресија, велат експертите. Холестеролот е важен за здравјето на мозокот, па ако е многу низок може да предизвика депресивно растројство, пишува Eat This, Not That, пренесува N1 Zagreb.
Анксиозност
Анксиозноста може да биде уште еден симптом на низок холестерол. Експертите советуваат дека холестеролот може да се зголеми со консумирање здрава храна како риба и рибино масло.
Предвремено породување
Според резултатите од истражувањето од 2015 година, нискиот холестерол може да биде исто толку опасен за бременоста како и високиот холестерол, бидејќи може да предизвика предвремено породување.
Мозочен удар
Нискиот холестерол го зголемува ризикот од мозочен удар. Исто како што е важно да се осигурате дека холестеролот не е висок бидејќи предизвикува кардиоваскуларни заболувања, исто така е важно да не е премногу низок.
Рак
Исто така, постои врска помеѓу холестеролот и ракот. Недијагностицираниот рак може да предвиди намалување на холестеролот, покажа истражувањето на американскиот Национален институт за рак.