Ова е моментот кога Чарлс одговара на прашањето дали е вљубен во Дијана

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По смртта на кралицата Елизабета Втора, на социјалните мрежи повторно се споделува исечен дел од славното интервју на Чарлс и Дијана.

Имено, на младиот пар му го поставиле прашањето „Дали се сакате“, а додека Леди Ди одговорила „секако“, Чарлс решил да даде сосема поинаков одговор. „Што и да значи љубовта“, прокоментира тој, по што на лицето на тогаш 19-годишна Дијана се појавиле низа непријатни емоции.

Тој дел од интервјуто првично беше пресечен, а минатата година беше прикажан дури во документарниот филм.

Интервјуто е снимено во пресрет на нивната венчавка на 24 февруари 1981 година, а по неколкумесечни шпекулации дали Чарлс ќе ја запроси леди Дијана Спенсер.

 

 

Официјалното видео секако беше монтирано и исечено, така што јавноста не можеше да го слушне коментарот на Чарлс, но необработените снимки беа емитувани лани на телевизијата Channel 5. Експертите за кралското семејство тврдат дека се „шокантни“ и „неверојатни“.

ФОТО: ТикТок

Share This Article