Јаховиќ се повлекува од македонската фудбалска репрезентација

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски повеќе нема да може да смета услугите од Адис Јаховиќ. Напаѓачот кој има 19 настапи и три голови во репрезентативниот дрес одлучи да се повлече од националниот тим.

Фудбалерот долги години со успех настапува во турското првенство и едноставно вели дека сега е време за збогум од репрезентативниот дрес, бидејќи повредите и возраста во голема мера бараат повеќе време за одмор и закрепнување.

Јаховиќ преку допис до Фудбалската федерација на Македонија ја образложи својата одлука:

Да настапуваш во дресот на македонската репрезентација е исполнување на детскиот сон. Токму затоа воопшто не е лесно да се каже збогум, но сега е време за тоа. Не само заради мене, туку и поради репрезентацијата, соиграчите и селекторот.

Чувствувам дека повеќе не сум во можност на вистински начин да одговорам на репрезентативните обврски и сега е време чесно да го соопштам тоа.

Би сакал да се заблагодарам на сите соиграчи од репрезентацијата и целиот стручен штаб. Благодарност за селекторот Благоја Милевски за соработката и целата поддршка. Минавме и тешки и радосни моменти. Спомените ќе ги чувам засекогаш.

Во оваа репрезентација има талент и квалитет. Убеден сум дека ќе продолжат да напредуваат и да ја радуваат македонската спортска јавност. Оваа генерација на македонски фудбалери зад себе веќе има големи резултати и се што треба е да продолжат да даваат се од себе на секој натпревар за Македонија. Во победа или пораз, навивачите тоа го ценат.

Јас секогаш ќе бидам поддршка за тимот и цела репрезентација. Напред Македонија“ – пишува Јаховиќ во писмото до ФФМ.

ФФМ му се заблагодари на Јаховиќ за неговиот придонес во репрезентацијата и му поскаа успех во понатамошните клупски настапи.

- Advertisement -
Ad image

За македонската репрезентација Адис Јаховиќ дебитираше на 14. ноември 2012 година на пријателски натпревар против Словенија.

Share This Article