Одбојкарите на Италија ја победија Полска синоќа во Катовице со 3:1 во финалето на Светското првенство.
Натпреварот започна како што очекуваа домашните навивачи со победа во првиот сет на полските одбојкари со 25:22. Италијанците не се предадоа и со целосен пресврт го добија финалето. Во вториот сет беше 25:21, во третиот 25:18, во четвртиот 25:20.
Ова е прв трофеј за Италија на Мундијалите по пауза од 24 години. Претходно тие победија во 1998, исто како и во 1990 и 1994 година.
Во натпреварот за бронзениот медал, Бразил ја совлада Словенија со 3:0, по сетови 25:18, 25:18, 22:25 и 25:18.
Мундијалот во Полска и Словенија се играше од 26 август до 11 септември.