Ако живеете сами или сте ја презеле улогата на чистење во вашиот дом, веројатно ви е познато дека тоалетната школка треба често да се чисти.
Сепак, вдишувањето на штетните испарувања од купените средства за чистење воопшто не е корисно за нашето здравје. Штетните хемикалии кои ги вдишуваме кога ги користиме може да предизвикаат оштетување на слузокожата, проблеми со респираторниот тракт, па дури и несвестица или труење, пишува Центар zdravlja.hr.
Како алтернативно и многу ефикасно решение за одржување на тоалетот чист, можете сами да направите шумливи таблети од природни состојки.
Како да направите шумливи таблети за чистење тоалетни школки?
Состојки:
-1 чаша сода бикарбона
-1/2 чаша лимонска киселина
-40 до 60 капки есенцијално масло (препорачуваме рузмарин, лаванда, лимон или портокал)
– Вода
Подготовка:
Измешајте сода бикарбона и лимонска киселина. Додадете најмалку 40 капки есенцијално масло. Добро измешајте.
Додадете малку вода во смесата (најдобро е постепено да се додава со распрскувач за вода, за да не започне хемиска реакција). Смесата е готова ако можете да залепите лажица во средината и ќе отстои сама.
Смесата притиснете ја во силиконски калап за мафини. Доколку немате силиконски калапи, металните покријте ги со фолија и потоа притиснете ја смесата. Оставете ги таблетите да се исушат преку ноќ.
Ставете ја подготвената таблета во тоалетната школка и уживајте во шумливиот ефект кој ефикасно ја отстранува нечистотијата и остава пријатен мирис.