Тоа е четврти ден од руската инвазија на Украина. Украина објави дека во главниот град Киев нема руски војници и дека украинските сили ја презеле контролата врз вториот по големина град Харков.
Западните земји воведоа нови санкции кон Русија. Некои банки се исклучени од SWIFT, глобалниот платен систем. Тие најавија и дека ќе го парализираат имотот на руската централна банка, а на руските олигарси ќе им биде забрането да користат финансиски средства на европските пазари.
Клучни настани во недела:
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата нареди руските нуклеарни сили да се подигнат на високо ниво на подготвеност, оправдувајќи го тоа со агресивните изјави на НАТО и економските санкции против Москва.
Украинските и руските претставници ќе се сретнат на разговори за белоруската граница со Украина, соопшти во неделата кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.
Украина се обрати до Меѓународниот суд на правдата во Хаг со барање да и наложи на Москва веднаш да ги прекине воените активности, објави во неделата украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Приближно 368.000 луѓе избегаа од руската инвазија на Украина и нивниот број „продолжува да расте“, соопшти во неделата Високиот комесаријат на ОН за бегалци.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави во неделата дека ќе предложи европска финансиска помош за Украина за купување оружје и гориво.
Јапонија се приклучува на санкциите
Јапонија ќе ги замрзне средствата на Путин, како и на другите клучни руски владини функционери, изјави јапонскиот премиер Кишида Фумио.
Тој исто така рече дека руската инвазија е кршење на меѓународните закони што ги осуди Јапонија и дека е потребен заеднички одговор за да се зачува мирот. Фумио, исто така, навести дека ќе им се придружи на САД и европските земји во санкциите против Русија во системот SWIFT.
Конечно, тој вели дека Јапонија ќе обезбеди дополнителни 100 милиони американски долари итна хуманитарна помош за Украина, пренесува CNN.
17:30 Зеленски ги зголеми платите на војниците
Украинскиот претседател значително ги зголеми платите на војниците. Тој ќе добива 3.400 долари месечно, пишува Киев Индипендент.
„Да знаат дека земјата им е благодарна“, рече претседателот.
17:15 Шпанија го затвора својот воздушен простор
Шпанското Министерство за транспорт објави на Цвитер дека го затвораат својот воздушен простор за руски летови.