Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 02.09 до 04.09.2022) направени се 1.308 тестови, а регистрирани се 254 нови случаи на ковид-19: Скопје – 143, Битола – 22, Охрид – 11, Куманово – 10, Тетово – 9, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кичево и Кочани – по 5, Прилеп, Гостивар и Штип – по 4, Струмица и Гевгелија – по 3, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Струга, Делчево, Виница и Кратово – по 1.
„Од вкупниот број на позитивни (254), регистрирани се 61 реинфекции. Регистрирани сe 412 оздравени пациенти од: Скопје – 231, Битола – 37, Куманово – 20 Охрид – 18, Прилеп – 13, Кавадарци – 10, Велес – 9, Тетово, Кочани, Струмица и Струга – по 7, Гостивар и Крива Паланка – по 6, Неготино и Богданци – по 5, Штип и Гевгелија – по 4, Крушево и Дебар – по 3, Кичево, Свети Николе и Берово – по 2, Ресен, Виница, Кратово и Пробиштип – по 1. Во текот на изминатите 3 дена (02.09 – 04.09.2022) пријавени се 4 починати лица, од Скопје (76), Пробиштип (62), Велес (88) и Виница (86). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 2.154.094 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.948, бројот на оздравени пациенти е 330.153, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.296“, наведено е во соопштението.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)