Иако се планираше Новак Ѓоковиќ да и помогне на српскиот тим да се пласира на завршниот Дејвис куп турнир, дојде до промена на планот.
„Ноле нема да игра од лични причини. Беше безброј пати во репрезентацијата, но сега не може“, изјави Троицки за Журнал и додаде:
„Тоа е негова лична работа. Овој пат е спречен да игра, но ќе ни се придружи во Малага доколку се пласираме на завршниот турнир“.
Србија против Канада, Шпанија и Кореја ќе ја претставуваат Миомир Кечмановиќ, Филип Краиновиќ, Душан Лајовиќ, Ласло Ѓере и Никола Ќаќиќ.