Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска во Белград оцени дека актуелната криза во Украина покажала дека Западен Балкан дефинитивно и е потребен на Европската Унија и дека доколку зависи од Унгарија, регионот веќе би бил дел на Унијата.
Со создавањето на Отворен Балкан се направени неопходните чекори кон интеграција во Унијата и време е Брисел да дејствува, изјави Сијарто на иницијативата Самит на Отворен Балкан.
Сијарто истакна дека војната во Украина, нејзиното економско влијание и катастрофалната криза во снабдувањето со енергија, создадоа амбиент во Европа што заврши со катастрофално слабеење на ЕУ.
Вистина е дека лидерите на ЕУ не можеа да ги спречат луѓето во Европа да ја платат цената на војната за која не беа одговорни. Во дадените околности веруваме дека можеме да избегнеме понатамошни проблеми и влијание на војната, посочи тој.
На Европа дефинитивно и е потребен Западен Балкан и интеграцијата на земјите кои денес седат на оваа маса може да придонесе за европската безбедност во три аспекти – физички, снабдување со храна и енергија.
Сијарто и се заблагодари на Турција за посредништвото за постигнување договор за извоз на украинско жито, на Србија за заштита на границите од новите миграциски движења, а особено укажа на важната одлука за изградба на Турски тек.
Унгарија ќе беше во неволја со снабдувањето со гас ако не го изградивме тој гасовод со Турција, Србија и Бугарија. Во овој момент тоа е единствениот безбеден и сигурен пат за снабдување со гас, рече Сијарто.