Руски гранати паднале врз детската онколошка болница во Киев, Украина, инфомрираше украинсккиот „Киев Индипендент“, додавајќи дека по нападот на болницата регистрирани се жртви.
Информацијата ја сподели и новинар на Би-Би-Си, кој на социјалната мрежа Твитер напиша дека ракетите паднале врз детската болница.
Тој вели дека болницата не била далеку од неговата зграда, а посочува и дека едно дете наводно го загубило животот.
Медиумите јавуваат дека во тек e и страшно гранатирање на Харков.
Жестока офанзива и во Киев, пишуваат на социјалните медиуми.
Украинските железници ја исклучија струјата на главната железничка станица во Киев поради ракетирање во нејзина близина. Си-Ен-Ен јавува дека има повеќе делови од Киев во темнина од безбедносни причини.