Во Косово учебната година не започна поради штрајк на наставниот кадар

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во поголемиот дел од училиштата во Косово новата учебна година не започна поради продолжувањето на штрајкот на наставниот кадар, кој заедно со поголемиот дел од вработените во јавниот сервис бараат Владата да им плати по 100 евра за месец до спроведување на Законот за плати.

Претставници на Штрајкувачкиот одбор на Сојузот на независни синдикати на Косово го посетија Средното техничко училиште „28. ноември“ во Приштина, со цел да се разговара со наставниот кадар на тоа училиште.Членот на Штрајкувачкиот одбор и претседател на Синдикатот на образованието, науката и културата на Косово, Рахман Јашарај, изјави дека штрајкот ќе продолжи и покрај постојаните притисоци од властите, кои најавија дека ќе им се намалат платите на вработените за деновите на штрајк.

„Заедно со вас од ова место уште еднаш апелираме до владата на Курти, а особено до министерот Мурати да престане со заканите, бидејќи тоа не доликува на косовски министер“, рече Јашарај, додавајќи дека кривичната пријава против министерот за финансии Хекуран Мурати е доставен до Основното обвинителство во Приштина.

Тој посочи дека синдикатот очекува Владата на Косово да ги исполни нивните барања за да почне да плаќа по 100 евра месечно до спроведување на Законот за плати.

Извор: Анадолија/Зилфије Адем Јакупи
Знам дека и вие мислите дека тие 100 евра не се ништо, но тоа барање го направивме додека се работи на Законот за плати, кој се уште е во мрак“, рече Јашарај.

Тој додаде дека за донесување на тој закон се потребни уште три до четири месеци, а пред неговото спроведување се потребни уште осум месеци. Јашарај рече дека штрајкот ќе продолжи се додека Владата на Косово не ги исполни барањата на синдикатот.

Совет од родители: Со неодењето на училиште на децата им се одзема правото на образование
Во меѓувреме, Коалицијата на невладини организации за заштита на децата (КОМФ) и Советот на родители на Косово соопштија дека штрајкот на наставниците им го ускратува основното право на образование на учениците.

Извор: Анадолија/Зилфије Адем Јакупи
„Доколку наставата не започне денеска, 1 септември, на околу 320.000 ученици ќе им биде ускратено основното право на образование. Меѓу нив, правото на образование ќе им биде ускратено на околу 25.000 деца кои првпат чекаат да седнат на училиште“, се наведува во нивното соопштение.

Се додава дека со ова се нарушуваат основните права на децата загарантирани со Уставот на Косово и Меѓународната конвенција за правата на детето.

- Advertisement -
Ad image

Ги повикуваме страните во овој процес да го стават најдобриот интерес на детето на прво место и да најдат заедничко решение, бидејќи прекинот на образованието најмногу им штети на децата“, се додава во соопштението.

Share This Article