Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и сопругата Рози денеска го испратија нивниот помлад син Антониј во прво одделение.
– Првиот училиштен ден на Антониј. Синко ти ја посакувам целата среќа на Светот, да учиш и напорно да работиш за тоа што те чека во животот. Да научиш да се бориш и тогаш кога ќе паѓаш и само така да успеваш. И до сите други родители многу успеси и среќа на нивните деца – напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.