Ковачевски: Среќен почеток на новата учебна година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски на сите ученици им посака среќен почеток на новата учебна 2022/23 година. Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот по повод првиот училиштен ден.

„Драги првачиња, драги ученици,

Пред вас е првиот училиштен ден од новата учебна година.

Ви посакувам успешен почеток, да стекнете многу нови знаења и вештини и секако ви посакувам многу нови другарства кои ќе траат цел живот. Верувајте во себе, прашувајте, преиспитувајте, истражувајте и бидете креативни, бидејќи детството и младоста се периодот кои се клучни за понатамошниот личен развој. Бидете другари и помагајте им на оние кои не можат да постигнат сѐ сами.

Верувајте во себе и во постигнатите резултати и никогаш не се откажувајте од зацртаните цели. Не заборавајте дека образованието е една од најважните инвестиции во животот.

Честитки и за родителите и старателите чии деца за првпат оваа учебна година седнуваат во училишните клупи во основните и средните училишта. Со вложувања и реформски процеси, ние како Влада интензивно работиме на подобрување на образовниот систем во Република Северна Македонија, со што обезбедуваме квалитетно и достапно образование за секое дете. Со вработување на образовни асистенти им даваме поддршка и вклучување во редовната настава на децата со посебни потреби. Градиме нови училишта ги реконструираме и модерно опремуваме веќе постоечките и го модернизираме нашето образование.

Честитки и до наставниците за првиот ден од новата учебна година. Вие сте клучот за квалитетно образование. Од вашиот ангажман, зависат постигнатите резултати кај учениците. Затоа бидете нивна поддршка, инспирација и поттик во создавањето на индивидуи кои утре ќе бидат движечката сила и умот на државата.

Продолжуваме и понатаму да го јакнеме наставниот кадар за кој од септември предвидовме покачување на платите, но и континуирани обуки за новите наставни програми. Вложувањето во образованието значи директна инвестиција во економскиот раст и просперитетот на Република Северна Македонија.

Драги деца, родители и наставници останете во добро здравје и среќно на сите”, рече Ковачевски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article