More

    Продуцентот Алекса Балашевиќ, наследник на познатиот музичар и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, вчера за првпат стана татко

    spot_img

    Продуцентот Алекса Балашевиќ, наследник на познатиот музичар и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, вчера за првпат стана татко.

    На свет дојде ќерката Вера. Бебето и мајката се чувствуваат добро, а девојчето ги израдувало родителите неколку дена пред терминот.

    Алекса заедно со сопругата Николина го избрал името за наследничката.

    Двајцата се венчаа неодамна во црквата Свети Сава. Продуцентот и автор на филмот „Мегдан“ пред неколку години ја запроси сопругата во Израел, а за овој чекор долго чекаше дозвола.

    Иако ретко зборува за приватниот живот, синот на Ѓорѓе Балашевиќ во една прилика ги раскажа деталите од свршувачката.

    „Шест месеци го чекав благословот од Ерусалимската патријаршија и во Назарет, во манастирот на маченикот Николај, бевме свршени од владиката Романос, и тоа баш на Света Петка. Долго го чекав тој благослов, бев на аџилак и се молев за ваква убава случка. Свршувачката е направена и оттогаш го носам прстенот. Сега го чекаме благословот за самата свадба односно брачната тајна. Би сакала црквената венчавка да биде така и во Светата земја. За луѓето во денешно време ова е можеби невообичаено, бидејќи во денешно време сè помалку венчавки има и во црквата“, рече Алекса Балашевиќ.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img