Српската рок легенда Момчило Бајагиќ – Бајага доби внука од својот син Марко. Иако тој станал дедо во декември оваа радост успешно ја криеше до сега. Како што вели со раѓањето на внуката му се сменил животот и му е многу поопуштен.
– Точно е, добив внука и од тогаш животот ми е многу поопуштен. Сара ми го промени начинот на гледање. Далеку од тоа дека криев само ретко зборувам за својот приватен живот – изјави Бајага.
Таа го доби името Сара, што преведено од хебрејски значи „онаа која доминира“, „жена која владее и управува“, „принцеза“.