More

    Цените во еврозоната се високи како никогаш до сега,потрошувачите ги чекаат огромни поскапувања

    spot_img

    Производните цени растат со месеци, енергенсите драстично поскапеа – сега потрошувачите се повеќе ги чувствуваат овие поскапувања. Експертите очекуваат дека овој тренд ќе продолжи.

    Цените во еврозоната се високи како и секогаш – во јули беа во просек за 8,9 отсто повисоки отколку во летото минатата година. Во Германија оваа разлика е нешто помала, 7,5 отсто, поради државните интервенции. Но намалениот данок на гориво и евтината месечна пропусница за јавниот превоз и возовите истекува во септември, а платите најверојатно ќе се зголемат. Многу даватели на услуги, како фризерите, ќе мора да ги зголемат своите цени поради поскапувањето на енергијата. Големи доплати за комуналии се очекуваат и следната година, откако станоиздавачите ќе им ја испратат на подзакупците пресметката за 2022 година. Ситуацијата нема да се подобри, пишува Дојче веле.

    И производителите постојано ги зголемуваат своите цени. Експертите очекуваа побавен раст, но тоа не се оствари. Во јули е забележан раст од 37,2 отсто. Главна причина е драстичното поскапување на енергенсите, во просек за 105 отсто во однос на лани. За една година гасот поскапи за 164 отсто, струјата за 125 отсто, нафтените деривати за 42 отсто. Ова се главните причини за поскапувањата во малопродажбата.

    Дали е достигнат врвот?
    Доколку се отстранат дополнителните трошоци за енергетските производи од поскапувањето, произлегува дека производствените цени сега се зголемени за само 14 проценти. Но, ова е сепак големо зголемување на цената, смета Ралф Солвен, економски експерт на германската банка Комерцбанк. Тој вели дека одредени суровини, како челикот, во меѓувреме поевтиниле, а тоа, според него, укажува дека врвот на поскапувањата ќе се достигне во наредните месеци. Солвен ова го оценува како „прв претпазлив сигнал дека следната година ќе имаме малку пониско поскапување“.

    Дотогаш, прогнозираа експертите, инфлацијата во Германија ќе продолжи да расте, до 9 проценти, можеби и повисока. Солвен предупредува дека тоа не значи дека од следната година се ќе биде исто. „Претпоставуваме дека и потоа инфлацијата ќе остане над два отсто, така што ќе продолжиме да имаме фаза на прилично висока инфлација“, вели овој економски експерт. Станува збор за инфлација која ќе продолжи да ги надминува целите за стабилизација на цените на Европската централна банка (ЕЦБ).

    Прикриени поскапувања
    Во јули, ЕЦБ ја зголеми каматната стапка во еврозоната за прв пат по 11 години. Експертите очекуваат каматната стапка да продолжи да расте, веројатно повторно за 0,5 отсто.

    „Поаѓаме од претпоставката дека овој чекор, кој може да се очекува во септември, нема да биде последен, туку дека ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки и следната година, за потоа да бидеме навистина сигурни дека ќе имаме намалување на повторно инфлација“, вели Мајкл Холштајн, главен економист на DZ-Bank. Од друга страна, Солвен претпоставува дека економијата најверојатно ќе западне во рецесија следната зима, поради што ЕЦБ веројатно ќе паузира одредено време од зголемувањето на каматните стапки.

    Граѓаните се соочуваат и со зголемени потрошувачки цени. Така, производителите на прехранбени производи во јули ги зголемиле цените за 21 отсто во однос на истиот период лани. Но, ова не е секогаш транспарентно, предупредува Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург.

    Бидејќи се повеќе производители користат трикови: на пример, ја намалуваат амбалажата на производот, но не и цената, па за истите пари потрошувачот добива помала количина. Армин Валет од Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург вели дека оваа појава не е ништо ново, но дека сега се многу почести поплаките на потрошувачите за овие скриени поскапувања кои, според неговите проценки, се движат меѓу 11 и 33 проценти.

    Покрај тоа, често не се работи само за намалената количина, туку и цената се зголемува. Армин Валет вели дека тоа најмногу се случува со слатките, но и со средствата за хигиена и козметиката. Основните прехранбени производи обично не се засегнати од овие скриени зголемувања на цените. „Литар млеко навистина е сепак литар млеко“, вели Валет. Но, тој очекува дека цените ќе продолжат да растат уште некое време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img