More

    Погледнете во станот на Марија Шерифовиќ, вреден 200.000 еврa

    spot_img

    Српската пејачка Марија Шерифовќ поседува неколку недвижности, а бидејќи поради работата поголемиот дел од времето го поминува во главниот град на Србија, пред три години купила стан во елитната населба на Нов Белград, каде што живеат многу познати личности.

    Имено, Шерифовиќ живее во луксузна населба, каде соседи и колеги ѝ се пејачите Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ, Стева Анѓелковиќ. Нејзината оаза на мирот има 80 метри квадратни, а според медиумите пејачката за овој имот издвоила околу 200.000 евра.

    Често на инстаграм-профилот на Шерифовиќ можеме да видиме како пејачката го опремила својот животен простор. Речиси сè изобилува со светли бои, додека парчињата мебел се малку потемни, за да се постигне контраст.

    Во пространата дневна соба има голем аголен сет, домашно кино и разни полици кои пејачката ги комплетирала со ситни детали, за оваа соба да изгледа живописно, а не изостануваат ниту модерни парчиња мебел, изработени во посебен стил.

    Спалната соба крие вистинска бајка. Во него има француски кревет, како и бројни перничиња кои дополнително го разубавуваат катчето каде таа одмара.

    Освен тоа, во оваа просторија се наоѓа и огромна бел орман со огледало кое се протега по должината на целиот ѕид.

    И во кујната преовладуваат светли бои – кујнскиот мебел и неопходната бела техника, пренесува „Телеграф“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img