Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ дефинитивно ќе го пропушти претстојното издание на „Ју-ес опен“, кое почнува на 29 август, откако американските власти не ги направија неопходните промени во здравствените протоколи за да им се дозволи на невакцинирани лица да допатуваат во САД. Тоа беше последната шанса за Ѓоковиќ да добие зелено светло и да пристигне во Њујорк, но организаторите на турнирот ги објавија официјалните протоколи, според кои мора да бидат вакцинирани не само сите тенисери туку и сите фанови на трибините.
Во САД и во сојузната држава Њујорк сè уште важи законот дека ниту едно странско лице, кое не е вакцинирано, не смее да влезе на американска територија. Ситуацијата би можела да се смени доколку амариканските власти ги сменат правилата за влегување во земјата, но тоа е малку веројатно.
„Ју-ес опен“ почнува на 29 август, а бранител на трофејот ќе биде Данил Медведев. Според букмејкерите најголеми шанси да му ја загрози титулата на Медведев имаше Ѓоковиќ, а сега за тоа им се укажува можност на Рафаел Надал и Карлос Алкарис.
Се смета дека од првите сто тенисери на АТП листата само Новак Ѓоковиќ не е вакциниран, а во тоа, освен дел од јавноста, го поддржуваат и тениски легенди како Џон Мекинрој и Тејлор Фриц.
Одбивањето на Ѓокович да се вакцинира му предизвикува проблеми на српскиот тенисер, па иако е во врвна форма тој е на шесто место на АТП листата.
Прв тенисер на светот и натаму е Данил Медведев со 6.885 поени, но за да ја задржи титулата мора да победи на „Ју-ес опен“. Зад него е Александар Зверев со 5.760 поени, на Надал со 5.630 поени. Четврт е неговиот помлад сонародник Карлос Алкарас со 5.190 поени, пред Стефанос Циципас, Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд.