More

    Масакрот започнал со мајката и двете момчиња

    spot_img

    Вук Бориловиќ вчера во Цетиње, Црна Гора, усмрти 10 лица, рани уште шестмина, а потоа беше убиен. Убиените се членови на пет семејства, а меѓу нив се и две деца.

    Денеска е објавен идентитетот на сите жртви. Најстарата има 81 година, а најмладата жртва е осум годишно момче.

    Во незапаметената трагедија животот го загубија, Данијела Радуновиќ (51), Александра Радуновиќ (52), Милан Митровиќ (37), Рајко Дрецун (56), Димитрије Дрецун (81), Даница Дрецун (74), Горан Ѓуришиќ (54), Наташа Пејовиќ Мартиновиќ (35), М.М. (11) и М.М (8).

    Пукајќи со ловечка пушка ги уби Бориловиќ, кој потоа е ликвидиран. Полицијата се уште истражува дали тој погледнал на повредите здобиени во престрелката со полицијата или од куршум испукан од граѓанин.

    Телата на убиените синоќа биле дадени на обдукција, соопштила по извршениот увид обвинителката Андријана Настиќ.

    Крвавиот поход на Вук започнал со убиство на мајката и двете момчиња кои живееле како потстанари во неговата јуќа. Децата починале на лице место, а нивната мајка им подлегнала на повредите во болница.

    – Потоа излегол и пукал од пушката на жителите од населбата, при што усмртил уште седум лица, а ранил шест – изјави Настиќ.

    Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img