More

    Ковачевски им посака добредојде на германските инвеститори

    spot_img

    Владата на Република Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпиша договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO.

    По тој повод, се обрати премиерот Димитар Ковачевски, кој порача дека му претставува чест да биде дел од мултимилионскиот проект.

    – Моите колеги знаат да пишуваат исклучително добри говори, и секогаш го прават тоа на најдобар начин врз основа на претпоставки кои јас им ги давам. Меѓутоа некогаш не можете да доловите сè на лист хартија. Затоа сакам да споделам со вас, неколку важни работи за себе. Прво Република Северна Македонија, беше пред 21 година, т.е Република Македонија во тоа време, којашто имаше голем предизвик, каде што тука во тоа време имаше голем број на политичари и дипломати, коишто нас ни помагаа да изградиме општество еднакво за сите, и општество во коешто секој ќе може државата да ја гледа како поле за личен и професионален развој. За точно 21 година после тоа, повторно сме собрани сите тука и повторно имаме странци. Меѓутоа тие странци, со коишто разговаравме во изминативе три месеци, се од Германија, професионалци менаџери, коишто заедно со наши граѓани тука во Северна Македонија, и успешни бизнисмени и инвеститори, ја отвораме првата фабрика за електрични автомобили во државата, и во регионот. Тие преговори покажаа неколку работи. Јас изминатиот период заедно со уште неколку министри одговаравме на неколку прашања, дали ние како држава сме подготвени да направиме исчекор во вакво општество коешто ќе понуди повеќе за своите граѓани. И секогаш одговарав со „да“. И секогаш добивав уште едно прашање, па дали некој може нас нешто да ни направи, дали може некој да не закочи…и мојот одговор секогаш беше „не“ – истакна Ковачевски.

    Тој посочи дека фабриката за електрични автомобили голем број на граѓани ќе бидат вработени.

    – Затоа што јас имам исклучително голема верба во нашите граѓани. Без разлика дали се тоа се Македонци, Албанци, Власи, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, сите што живеат тука. И секогаш кажував дека граѓани коишто можат да купуваат производи од највисоки производители, се граѓани кои можат да направат промена. И затоа тие граѓани, направија набрзо вклучување во НАТО, и направија почеток на преговорите со Европската Унија. И длабоко верувам дека граѓаните, преку своите избраници во Собранието, ќе направат и најбрзо интегрирање во Европската Унија. Нема поголема потврда за тоа што го зборувам од овој денешен ден. Затоа што тие граѓани ќе бидат вработените во оваа фабрика којашто ќе произведува електрични автомобили, коишто ќе ги гледаме на пазарите низ Европската Унија или светот. И затоа сакам да ве замолам за еден аплауз, не за нас овде, туку за граѓаните коишто тоа го овозможија.

    Ковачевски истакна и дека денес е еден од оние убави денови кога стануваат видливи резултатите од вложениот труд.

    – Денес ќе се постават темелите на инвестицијата која само во првата фаза тежи 130 милиони евра и ќе отвори најмалку 890 нови добро платени работни места.

    Оваа инвестиција е од огромно значење за државната, но и за локалната економија и развојот на човечкиот потенцијал во Тетово и во државата. Со оваа значајна инвестиција, Северна Македонија уште еднаш потврдува дека е држава која нуди одлични услови за инвеститорите, со стабилна економска и политичка клима во која меѓународните компании како „НЕКСТЕ.Е.ГО“ имаат партнер од доверба. Она што особено ме радува е дека за прв пат, кај нас ќе биде произведен целосен автомобил. Во Северна Македонија и досега се произведуваа делови за автомобили од светските брендови, но сега имаме целосно производство на финален производ токму кај нас. И ова е навистина голема работа. Оваа инвестиција ми е лично посебно драга. Не само затоа што ќе го промени на подобро животот на семејствата чии членови ќе работат тука, туку затоа што ќе го промени начинот на кој размислуваме за возилата. Затоа што ова е иднината, и на индустријата и на заштитата на животната средина. Меѓутоа ова е иднината и на образованието. Вакви инвестиции, вакви фабрики, ќе го сменат образованието во државата, бидејќи ќе направат нови потреби коишто ќе бидат неопходни. – изјави премиерот.

    Ковачевски истакна и дека електричниот автомобил „е-Go“ кој ќе се произведува овде во ТИРЗ во Тетово е корисен за урбани средини, истовремено одржлив, иновативен, економичен и без штетни емисии на гасови.

    – Ова меѓу другото е нашиот влог за идните генерации. Фабриката која ќе се гради овде во ТИРЗ зоната во Тетово, е составен дел од глобалниот производствен капацитет на „е-Go“, наменет да го снабдува и националниот и меѓународниот извозен пазар.Ваквите инвестиции се доказ дека како Влада успешно ги користиме сите потребни механизми кои ги даваат очекуваните резултати овозможувајќи услови за понатамошен побрз и одржлив економски раст и развој. Во технолошко индустриските развојни зони, во првите шест месеци се постигнати договори за инвестиции во висина од 240 милиони евра, а потенцијално до крајот на годината се очекува затворање на уште два договори во висина од 160 милиони евра. Јас никогаш не сум најавувал инвестиции, и оваа е инвестиција за која беше извесно дека ќе се случи. Оставивме прво да се договорат сите детали и потоа на изненадување на целата јавност, бидејќи ги гледам написите во медиумите, дознавме дека во Република Северна Македонија ќе има инвестиција којашто ќе биде од 130 милиони евра, и ќе биде на почеток со околу 900 вработени. И уште има такви инвестиции, од други инвеститори, а ние ќе оставиме тоа инвеститорите заедно со институциите да го најават, и ќе се случи многу брзо. Само за еден месец во компаниите во зоните се отворени речиси 100 нови работни места, со што заклучно со јули, од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се реализирани над 1.100 нови работни места. Вкупниот број на вработени во јули порасна и достигна над 15.000 вработени, што е за 6% повеќе споредено со јули минатата година, односно за 14,5% повеќе во однос на јули 2020 година – додаде Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img