More

    Груби по повод 21-та годишнина од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, денес упати честитки до сите граѓани на земјата

    spot_img

    Првиот потпретседател на Владата и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби по повод 21-та годишнина од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, денес упати честитки до сите граѓани на земјата, потсетувајќи на временските констелации кои доведоа до потпишувањето на овој правен акт и важноста од неговото спроведување за перспективата на демократскиот развој на земјата.

    Груби го опиша Охридскиот договор како камен-темелник на сите демократски достигнувања на земјата и зачетник на поглавјето на европското патување на земјата, истакнувајќи дека никој не изгубил ништо од воспоставената рамноправност, туку сите народи имаат корист во секој аспект на општествената благосостојба.

    Пред 21 година, со потпишувањето на Охридскиот мировен договор во земјава, конечно започна да исчезнува маглата од идеологиите на омраза, надмоќ, дискриминација, деструктивни предрасуди за здравата перспектива на иднината што ја зафати нашата земја – изјави Груби.

    И за министерот за надворешни работи Бујар Османи, Рамковниот договор претставува темел.

    – Градејќи ја нашата европска иднина, продолжуваме да инвестираме во нашиот автентичен модел на функционална мултиетничка демократија. Договорот претставува вредно наследство на оваа генерација и еден од клучните столбови на стабилноста и меѓуетничката кохезија на Северна Македонија – истакна Османи на Фејсбук.

    Денеска одбележуваме 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше обезбедена мирна, демократска и евроатлантска иднина на нашата држава, со еднакво учество на сите етнички заедници, напиша на Фејсбук министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Република Северна Македонија, како што напиша Бесими, прерасна во единствена функционална мултиетничка демократија во регионот, земја за пример и рамноправен дел од меѓународната заедница.

    – Духот на Охридскиот рамковен договор е во согласност со современите европски вредности и претставува основа за остварување на правата на сите граѓани. Продолжуваме и понатаму заедно да работиме на неговото зачувување и имплементирање – порача Бесими.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img